240 милиони денари владата исплати субвенции на пчеларите и сточарите во последните две седмици

Со 240 милиони денари, влада во последните две седмици исплати субвенции на пчеларите и сточарите. Премиерот Мицкоски вели дека долговите од минатото се вратени, со што земјоделците ќе го добијат навремето заслуженото. Посебен акнцет денес тој даде на тутунарите, истакнувајки дека тие добија историски највисока цена до сега и тоа 400 денари за откуп и 100 денари дополнителна субвенција. Рече дека се откупено околу 22 000 тони тутун, нешто што досега се немаше слчено.

„240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и со пчеларство. Тој процес ќе продолжи и понатаму. Буџетот е како никогаш до сега, исплатата и дисциплината исто така. Долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите, така што ценам дека вака и ке продолжи во периодот кој што ќе следи и ценам дека земјоделците треба да го добијат навремено тоа, кое што го заслужуваат. Тутунарите добија историски највисока цена 400 денари за откупен тунун, се беше откупено, 100 денари дополнителна субвенција. Повеќе од 20 милиони килограми, мислам дека завршивме помегу 21-22 000 тони, нешто што до сега беше невозможно.“, вели Мицкоски

Премиерот дополнително информира дека владата мисли и на лозарите, овоштарите, но и на сите земјоделци, бидјеќи тие како што истакна тие како влада имаат интерес да работат само за граѓаните.

Инаку, претходно владата ги покачи субвенциите и на сите земјоделците, кои што се занимаваат со житните култури, па сега ова ќе преставува нов мотив и поттик за работа. Се очекува и млада работна сила да ја продолжи оваа гранка.

Иван Митев, М-Нет