
Свечено одбележан 8 ми март-денот на жената, пред спомен бистата на македонската партизанка Вера Циривир Трена во Штип. На настанот присуствуваа претставници на локалната самоуправа, политички партии, делегаци, здруженија. Претседателот на здружението на борците Петар Мицевски, пред медиумите истакна дека како и останатите држави и Македонија секоја година свечено го одвележува овој ден, истакнувајки дека целта на денот е да се подобрат условите на жените во општествтоо, затоа што како што тој вели многу жени биле борци кои учествувале во создавањето на Р.Македонија.
Не смееме да заборавиме дека сеуште има малтертирани жени на кои што им треба помош, за да излезат од мракот, велат од зружението на борците во Штип. За да се постигнат саканите цели потребно е зад секоја успешна жена успешен маж, додаваат тие.
Инаку, настанот секоја година традицион ално се одбележува пред спомен бистата на оваа партизанка, потсетувајки ги жените на рамноправност и еднаквост, а тоа да овозможи сигурна и безбедна иднина за нив.
Иван Митев, М-Нет