22-годишник не успеал да пазарува со изгубена картичка на штипјанец, заработи кривична пријава

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот, на 18.09.2023 пронашол изгубен паричник со банкарски картички на лице од Штип, неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциските сметки на лицето и со неговите картички извршил неколку неуспешни трансакции на интернет.