21-годишник од Радовиш удиран со пиштол и ограбен од познаник во Скопје

Денеска (25.08.2023) во 05.00 часот во Полициската станица Центар, Д.И.(21) од Радовиш пријавил дека околу 01.35 часот на паркинг простор на ул.„Орце Николов“ во Скопје, тој и М.К. од Радовиш биле физички нападнати од М.А., со кого се познавале од порано, и уште едно лице, при што М.А. го удирал со пиштол и му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.