
200 овци уништени во Криви Дол, штипско е последниот случај за кој членот на управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци, Илми Зекир ја информираше јавноста. Единствено нешто што им е најважно во моментов е вакцината штом веќе е одобрена, да биде што е можно побргу достапна за нив, за да си ги заштитат стасата. Како и на кој начин ќе се спроведе тоа, Зекир не знае, но останува на тоа дека вакцина во моментот им е најпотребна.
,,Моменталната ситуација по штипско, во селата има некаде, знаеме дека во Криви Дол имаше последен случај убиено 200 овци и додека е стсано дрги информации немаме. И сега јас како одгледувач на овци, од сѐ ми е најбитно вакцината што побрзо да се спроведе. Значи до сега било што било кога веќе дошло и кога веќе има чаре, и е одобрена од Турција како донација, што останува за нас. За нас останува да се убрза работата, да си ги заштитеме ние стадата. Тоа е од сѐ најбитно за нас. Колку ќе се задрже, какви процедури ќе има не знам. Само едно знам, дека институциите треба да преземат и што побрзо да ни ги вакцинираат овците”, подвлече Зекир
Инаку се очекува да пристигнат 500.000 вакцини против болеста овча сипаница како донација од Турција.
Ева Тушевска, М-Нет