
На првиот ден од „Штипска Пастрмалијада 2026“, покрај веќе најавената српска ѕвезда Сара Јо, ќе настапат и познатите македонски артисти Таско и Лара.
Тие ќе бидат дел од музичката програма на 18 септември 2026 година, на шеталиштето „Ванчо Прке“ во Штип, каде што публиката ја очекува вечер исполнета со музика, забава и одлична атмосфера.
На 19 септември, на Градскиот стадион во Штип, ќе настапи и големата регионална ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, додека истата вечер заеднички концерт ќе одржат македонските музичари Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Од Општина Штип најавуваат богата музичка програма, добро познати рефрени и незаборавна атмосфера за сите посетители на годинешната „Штипска Пастрмалијада“.
Ева Тушевска, М-Нет