2 јануари – прва неработна Недела, Законот стапува на сила

За два дена стапува на сила „Недела – неработен ден“. Со почетокот на новата година и 2-ри Јануари како прва недела од годината ќе стапи на сила законското решение кое го дефинира денот недела како ден за неделен одмор.

Недела ќе биде неработен ден за 92% од работниците. Оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%. Дополнително, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

Законот беше изгласан и усвоен на последната седница на Влада со 62 гласа „за“ и ниту еден против.

Лаура Стојанова МНет