
Шампионот Струга Трим Лум за пролетната полусезона се засили со тинејџерот Шабан Зенку, кој во градот покрај езерото доаѓа како слободен играч.
Се работи за 19-годишен играч кој е роден во Германија, но има македонско и албанско државјанство, а во својата кариера има настапувано за младински клубови во Германија.
За Зенку доаѓањето во Струга ќе биде негов прв сениорски предизвик, но воедно ќе биде и пред предизвик со неговата нова екипа да ја одбрани титулата во домашното првенство.
Струга е на врвот од табелата во ПМФЛ со 39 бодови, еден повеќе од второпласираниот Шкупи, а пролетниот дел го отвара против Работнички во Скопје.
Александар Ванев, М-Нет