Гостивар прави голем ремонт – се ослободи од седум фудбалери

Прволигашот Гостивар за пролетната полусезона ќе има промени во своите редови, откако го започна ремонтот со ослободување од седум фудбалери.

Гостивар кој презими на 5. место на прволигашката табела се раздели со Гоба Закпа, Јаник Нкурунзиза, Пепи Ѓорѓиев, Фатјон Јусуфи, Емран Рамадани, Ремзифаик Селмани, како и Михаил Маневски кој се врати во штипска Брегалница, каде веќе е промовиран како ново засилување за штипјани, за што објави телевизија М-Нет.

Александар Ванев, М-Нет