
Брегалница мисли и на иднината на клубот но и дополнителниот развој за најголемите фудбалски таленти од Штип, а тоа го потврдува со ангажманот на 19-годишниот Иван Глигоров кој доаѓа од португалскиот Национал.
Глигоров, кој е роден во Штип, главно досега фудбалскиот развој го темели на интернационалната сцена.
Како голем талент уште на 15 години беше на “радарот” на италијанскиот тим Перуџа каде реализира трансфер, од каде потоа се сели во младинскиот тим на Национал во Португалија.
Младиот талент повторно се враќа во Штип, во редовите на Брегалница.
Игра на офанзивните позиции во средниот ред, а има и настапи за младите репрезентации на Македонија до 15 и до 17 години.
Брегалница денес ја засили одбраната и со Виктор Велкоски.