
СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 21.08.2025 во с.Карбинци, општина Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник, и притоа употребил т.н. боксирач,
нанесувајќи му тешки телесни повреди.