
14 годишно девојче од српска националност од општината Карбинци, изминатиов викенд стапи во малолетнички брак со 16 годишно момче од Кочани. Ова е само еден од вкупно осумте парови кои под амин на нивните родители ја прифатиле брачната заедница како нова средина за нивен раст и развој. Иако за поголем број на девојчиња ,детскиот брак е доживотна казна ,сепак и во 2020 година се случува појавата која најчесто се манифестира како принуден брак. Ставот на една од новопечените малечки невести е дека прави добро на себе и услуга на семејството затоа што претходно немале средства за живот и образование и имале егзистенцијален притисок. Ова е само изговор ,велат од Центарот за социјални работи Штип, бидејќи најчесто принудниот брак на малолетно лице прераснува во трговија со деца ,експлоатација, зло ставување и насилство над децата. Според здружението Цикна ,кое со години се бори против раните договорени и присилни бракови, тоа што моментално со согласност на родителите момчињата и девојчињата под 16 години можат да стапат во брак не е ниту најмалку добро. Во таа возраст не се формирани личности ниту ментално, ниту физички, ниту емотивно а уште помалку социјално изјави за М-нет психологот Славица Ракич. Во Република Северна Македонија на годишно ниво се склучуваат околу 1000 детски бракови ,бројка што е за половина помала од на пример Србија каде има над 2000 детски бракови за само половина година ,состојба која веќе се менува поради усвојувањето на најновите измени и дополнувања на законот за семејство. Од минатата година во оваа соседна држава лица помали од 18 години не можат да стапат во брак ,под кривична одговорност подлежат и оние кои започнуваат заеднички живот со малолетник. Можеби токму овој законски момент било причината 14 годишното девојче од српска националност со привремено живеалиште во општина Карбинци ,да заплива во брачни води со партнер кој е само не цели две години повозрасен од неа.