152 лица од Штип поднеле барање за гласање во домашни услови, рокот истече синоќа

152 лица од Штип поднеле барање за гласање во домашни услови, рокот истече синоќа на полноќ. ОИК денеска ќе одлучува кои од нив ќе добијат можност да гласаат ден пред изборите, со помош на лекар-специјалист од Клиничката болница. Сe ќе се проверува според правилникот на ДИК.

,,Значи рокот за пријавување беше до синоќа до 24:00 на полноќ заврши. Во моментот се пристигнати 152 барање за гласање за болни и неможни лица, односно оние лица кои што го остваруваат своето право на глас во домашни услови, ден пред изборите. ОИК денеска има закажано исто седница, каде што имаме повикано и доктор, специјалист од КБ Штип, каде што заендо же ги разгледуваме барањава и истие дали ќе бидат одобрени или одбиени. Дали се во согласност со правилникот на државната изборна комисија.“, рече Вацев

Паралелно на ова, Вацев потенцираше дека во текот на следната седмица се очекува да пристигне и останиот дел од материјалите за избори. Како што рече тој, најдоцна до среда истите ќе пристигнат.

,,Другиот материјал за избори се очекува да биде пристигне согласно роковникот на ДИК, најдоцна 72 часа пред одржувањето на изборите. Очекуваме да пристигне во текот на наредната недела, некаде вторник или среда.“, додаде Вацев

Одлуката за секое од 152-те барања ќе се носи поединечно, врз основа на приложената документација. Лекар-специјалист од Клиничката болница во Штип ќе помогне во проценката на здравствената состојба на пријавените. Целта е да се обезбеди фер и законско спроведување на гласањето во домашни услови. Правото на глас им припаѓа на сите, без разлика на здравствената состојба. Останува ОИК да одлучи – кој ќе гласа од својот дом ден пред изборите.

Иван Митев, М-Нет