
Денес 26 – ти Марш за ангелите во Кочани, започнува во 16:05 часот во паркот на револуцијата. Маршот ќе се движи по веќе утрврден рута, од паркот, кон трговскиот центар, општинската зграда, до полицијата и ќе заврши пред Судот и јавното обвинителство во Кочани.Организаторите истакнуваат дека маршот истовремено е за поддршка и на повредените во трагедијата поради што ги повикуваат нивните блиски да се придружат на истиот.
Целта е јавноста да знае дека за правдата на нивните деца ќе се борат до крај. Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на нивните барања да им се придружат.
Марш за ангелите се одржува секоја сабота во Кочани, а во трагедијата во дискотеката Пулс починаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Иван Митев, М-Нет