
Со положување свежо цвеќе и поклонување пред споменикот на борците на тврдината Исар во Штип, претставници од локалната самоуправа, делегации, политички партии и пријатели , го одбележаа 11 октомври, ден на востанието на Македонија. Претседателот на сојузот на борци Штип Петар Мицевски, на самиот настан им го честита празникот на целиот македони народ.
Наша обврска и одговорност е да ја браниме земјата, како и придобивките од народно ослободителната борба, истакна Мицевски.
Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври, државен празник што се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.
Иван Митев, М-Нет