152 болни и немоќни лица гласаат во домашни услови во Штип, гласањето се одвива непречено

Започна гласањето на болни и немоќни лица во домшни услови на осмите по ред Локални избори 2025 година. На територија на Општина Штип во домашни услови ќе гласаат 152 лица. Од утринава екипите се на терен и ги посетуваат лицата кои веќе се пријавиле за гласање во домашни услови.

„Согласно роковникот на ДИК пријавувањето за гласање во домашни услови беше до 10.10.2025 година. Имаше поднесено 152 пријави и сите 152 пријави беа прифатени.“ – вели Вацев.

Ленка Божанова втора година по ред гласа во домашни услови заради нејзината здравствена состојба. Вели претходно своето право на глас го остварувала постојано на избирчаките места, а избор прави и денеска. Децидна дека треба да се гласа, и очекува подобрување во своето место на живеење.

На избирачкото место 2260 има девет болни и немоќни лица кои гласаат во домашни услови. Гласањето и тајно, согласно правилата на ДИК.

„Вкупно граѓани за гласање имаме 673, а денес правото на глас го оставаруваат болните вкупно девет на број. Се се одвива во најдобар ред, според правилата на ДИК.“- вели Петраклиева.

Според податоците на ДИК вкупно 8.851 болни или немоќни граѓани ќе го остварат своето избирачко право во текот на денешниот ден, како и 442 лица во старските домови.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет