130 психолози на терен во Кочани и Штип, се нудат советувања за младите по пожарот во Кочани

130 психолози се на терен и работат во Кочани и Штип со цел да има се помогне на граѓаните во кризините места, по несреќата во дискотеката. Во СОУ „Јане Сандански“ во Штип, во еден клас има три починати средношколци, а од останатите класови повеќе повредени. Како што истакна министерката за образовани и наука, Весна Јаневска, се работи и со средношколците, но и со сите останати засегнати граѓани. Во коордиинација на повеќе институции, беспалтно се нудат психолошки терапии на сите на кои им е потребно.

„Институциите кои имаат надлежност и обврска да функционираат во вакви моменти кризни функционираат во координација, па така и МОН во координација со комората на психолози, Институтот за психологија, УНИЦЕФ и Црвениот крст организира присуство на психолози во кризните подрачја. Се разбира дека тие се најмногу присутни во Кочани, но добро е што од минатата недела имавме 100, а сега имаме 130, па се присутни тука и во Штип.“ – вели Јаневска.

Центар за советување на млади има и на УГД Штип. Дополнително од претходната недела се прават проверки по училиштата, градинките, државните училишта дали има соодветни апарати за справување со катастрофи.

„На УГД исто така има отворено центар за советување на млади, всушност збирно место на психолози, каде тие се среќаваат, прават план и продолжуваат да работат низ градот, а секако и таму индивидуално да работат. МОН минатата недела испрати писмо до општините и до државните училишта да се направи дополнителна проверка на безбедносните системи, да се види дали има проценка на ризик од катастрофа, дали има план за справување со катастрофа и дали опремата која е потребна како ПП апарати, хидранти и слично ја има во училиштата“ – додава Јаневска.

Согласно изјавите од ЗЕЛС изминатиот период се потврди дека најголем дел од училиштата ги имаат сите неопходни работи за справување со евентуална катастрофа.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет