
Нови 12 пациенти од они кои се лекуваат во болниците во Кочани денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Во болниците, во главно на пластична хирургија и токсикологија ќе останат да се лекуваат 27 пациенти. Надвор од државата се 115 пациенти, но се очекува еден од Белград денеска да се врати во Македонија. Како што истакна министерот за здравство, Таравари, на денешната прес конференција и понатаму критична е состојбата на пет пациенти во странство, кои настрадаа во страшниот пожар во дискотеката во Кочани.
„Вкупно во болниците во Скопје се лекуваат 39 пациенти. Добрата вест е тоа што денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пацинети кои ќе се лекуваат во болниците во државата. Исто така во странство продолжуват да се лекуваат 115 пациенти, повторно тука имаме една добра вест, односно еден пациент денеска се враќа од Белград.“ – вели Таравари.
Пациентите кои ќе се вратат од странство, а на кои ќе им биде потребна дополнителна рехабилитација можжно е да бидат пратени на лекување во болниците од некоја од Западно европските држави кои се понудија за помош, кажа Таравари. Дополнитело кажа дека тимот лекари пластични хирурзи веќе се во Кочани каде им се нуди помош на пациентите кои настрадаа во пожарот во Кочани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет