13 месечното дете заразено со морбили е на домашно лекување и во добра здравствена состојба

На домашно лекување е пуштено 13 месечното дете од Свети Николе кое е заразено со вирусот морбили. Поминало пет дена на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, но сега е во добра здраствена сосотојба и е пуштено дома, со препораки за изолација на целото семејство. Раководителот на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, Дијана Шишкова – Гајдарџиска, вели дека нема опасност за зараза на Инфективното одделение., бидејќи детето веднаш по приемот било изолирано.

-Детето на 13 месечна возраст на Инфективното одделение е примено на 27 март, по конзелијарен преглед на одделението за Педијатрија, каде што престојувало еден ден. Имало покачена температура, појава на осип, изолирано во посебна соба, имало знаци и за друго вирусно заболување. Меѓутоа со проширувањето на осипот, со поставеното сомневање дека се работи, дека е можно некое друго исипно заболување, кое е контигиезно и потреба од инфектолошки преглед и изолација на Инфективното одделение повикан е инфектолог и после прегледот е префрлено на нашето одделение, вели Шишкова-Гајдарџиска.

Посочува дека детето на одделението е префлено со температура, лекувано е со симптоматска терапија и направени се соодветни испитувања во Штип и во Скопје, кои го потврдиле вирусот на морбили.

-Цело време беше со еден добар клинички тек, со пад на температура, со подбрување на општата состојба и после пет дена на одделението го пуштивме дома со даден совет за терапија, изолација и да се јават на контрола оваа недела, вели Шишкова-Гајдарџиска.

Посочува дека нема опасност за ширење на заразата меѓу здравствениот персонал на Инфективното одделение, бидејќи сите се вакцинирани, а задолжително се носат заштитните маски. Засега не се знае од каде детето се заразило со морбили, но на ова веќе работат епидемиолозите. Комисијата за заразни болести во 13 часот во Скопје ќе заседава на оваа тема и за мерките за заштитата.

Инаку, детето било хоспитализирано прво на Детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки. Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.

Лаура Стојанова М-Нет