
10 проценти повисока плата ќе добијат здравствените работници за месец ноември годинава, а нови пет проценти во мартовската плата исплатена во 2026 година. Премиериот Христијан Мицкоски во денешната изјави истакна дека во зависност од состојбата на буџетот, за четири години може да се дојде до 50 проценти повисока парична маса насочена кон докторите, медицинските лица, сестрите, болничарите. Вели дека еден од историските договори е и токму овој, кој ќе придонесе подобри услови.
„Од овој месец практично за здравствените работници добиваат 10 проценти повисока плата и нови пет проценти заедно со мартовската плата, која што ќе биде исплатена во 2026 година и во зависоност од состојбата во буџетот продуктивноста и така натаму во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до 50 проценти повсока парична маса, која што ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, болничари, сестрите, и така натаму. Еден од тие историски договори е овој.“, истакна Мицкоски
Покрај ова, Мицкоски истакна дека владата ќе се избори да не дојде ниту до предвидените три проценти покачена електрична енергија и во периодов ќе се стабилизира ваквата состојба.
“Не ги покачуваме затоа што грчевито се борибе да стабилизираме состојбата во енергетиката, бидејчи тоа што таму го наследивме е акпокалитична ситуација. Ќе се бориме да не дојде ниту до три проценти, јас реков порано до три проценти, но ќе се бориме да не дојде ниту до тие три. Ќе направиме се за да ја оптимираме целото тоа производство.”, додава Мицкоски
Во однос на промената во следниот период со платите во здравството, ќе се овозможи подобри услови за медицинските лица, а во однос на непокачената електрична енергија подобри услови за граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет