10 години Гласен Текстилец – борба против дискриминацијата и работничките неправди

Десет години меѓу работниците и нивните проблеми, „Гласен Текстилец“ одбележува една деценија од своето постоење. Здружението како што вели претседателката Кристина Ампева, започнало без голем план, но со јасна потреба, некој да зборува за неправдите и недовербата во институциите, дискриминацијата и отпуштањето на работниците. На овие десет години, таа гледа како момент за потсетување што научиле и презеле и што допрво ќе се смени. Ампева уверува дека ќе продолжат да бидат поддршка и во следните години онаму каде што се потребни.

,,Почнавме многу едноставно пред десет години, бидејќи требаше конечно некој да зборува за проблемите коишто се таложеа со децении за кој никој не зборуваше. Од конкретни проблеми, од отпуштање, отпуштен работник, дискриминирана работничка, да се пријави некоја неправда во институциите, од недоверба во истите, и немавме план каде сакавме да бидеме после десет години. Меѓутоа знаевме само дека треба да почне и да се зборува и да се работи на овие проблеми. Затоа денес, не гледам на ова како на прослава десет години, го гледам како момент да се прашаме што научивме, што треба да зачуваме, што треба да смениме и каква поддршка ќе биде потребна во следните десет години за организациите како Гласен Текстилец, да биде тука на терен во малите места и како да останеме силни, независни како и до сега, меѓутоа блиски и на луѓето. До сите наши партнери сите вас овде, што бевте дел од овој ннаш десетгодишен пат пат фала ви за довербата, поддршката, знаењето, критиката и што бевте сојузници, а не само партнери“, изјави Ампева

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов тврди дека граѓаните, институциите, работниците и сопствениците на капитал преку текстилијадата се информирале за тековните проблеми. Јорданов смета дека кога гласно се зборува за проблемите, се креираат и решенија за истите.

,,Во изминатите десет години, преку текстилијадата се информираа граѓаните, институциите, работниците, сопствениците на капитал, каква е состојбата и кои се тековните проблеми. Можеби некој ќе каже повторно има неправда, повторно има непочитување на работничките права, дека состојбата во текстилството е се полоша и полоша, но евидентно е дека кога гласно се зборува и проблемите се зборува се креира притисок за решавање на проблеми и проблеми, независно дали се проблеми поврзани со работничките права, проблеми со сопствениците на капитал, со институциите кои треба да ги создадат условите за работа во овој сектор. Сепак сметам дека благодарение на дијалогот, на преносот на знаење на други земји, држави, организации се направија одредени промени“, тврди Јорданов

На денешната панел-дискусија од Гласен Текстилец упатија благодарност до сите партнери што биле дел од овој десетгодишен пат.

Ева Тушевска, М-Нет