
Елена Џамбазова, Барбара Митева и Павлинка Кокошкарова се трите учеснички чии јајца беа избрани за најубави украсени велигденски јајца. Со мотиви од старата македонска традиција, различното и необично како и трилогија која прави една целина, добитниците ги преставија своите најубави велигденски јајца. Наградите денеска во Галерија 22 при Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ги додели директорот, Горан Трајков.
„Трета награда за шарено велигденско јајце ја доделуваме на Павлинка Кокошкарова, за второ украсено најубаво јајце се доделува на Барбара Митева, и првата награда на Елена Џамбазова.“
Кога се вреднува трудот е едно од најубавите чувства, мнифестации како оваа треба да продолжат и во идина велат добитниците. Само на таков начин ќе се мотивираат младите но и повозрасните своите замисли и идеи да ги прикажат на вистински начин.
„Убаво е чувството кога се вреднува трудот, ново дело ако може така да го наречам. Го именував како трилогија одонсо се три велигденски јајца, но иако три сепак сочинуваат една целина. Се надевам дека оваа манифестација, настан ќе продолжи во иднина и ќе има поголем одзив од најмалите па се до повозрасните“ – вели Кокошкарова.

“Мотивот за моето јајце беше нашата македонска традиција. За мене ова награда преставува голема чест и голема благодарност“ – вели Митева.
„ Мотивот за моето велигденско јајце беше да се направи нешто поразлично што не е класично и не е исто како останатите велигденски јајца. Првото место има големо значење не само како прво место, туку и како учесник на оваа манифестација. Особено ми се допаѓа органзиацијата, мислам дека треба да има повеќе вакви настани кои вклучуваат и награди и места се со цел да ги мотивираат учесниците“ – додава Џамбазова.
Велигденските јајца беа изложени во четвртокот претходната недела пред големиот празник Велогден. Имаше 32 ученика кои ги изложија своите јајца, а беше преставена и изложба по повод празникот. Наградените добија ваучер од 10 илјади денари.
Лаура Стојанова М-Нет