Ќе следува комплетна реконструкција на градскиот стадион во Штип – изградба на останата трибина и промена на тревникот

Ќе се подобруваат условите за игра на градскиот стадион во Штип, со промена на тревникот на самиот терен кои ќе треба да понуди значително подобри услови за игра.

Дополнително, како што истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, ќе се започне и со изградба на останата трибина.

„По завршувањето на сите настани оваа есен кои што се планирани на градскиот стадион, ќе се започне и со комплетна реконструкција на истиот. Изградба на останатата трибина промена на тревникот на самиот терен нешто што како инфраструктура е неопходно за подигање на стандардите и на квалитетот на игра на градскиот стадион“, вели Јорданов.

Од денес Брегалница доби и нов сопственик од Турција, а целта ќе биде во иднина Брегалница да се врати во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет