
Во завршна фаза е жетвата на јачмен, ама земјоделците и понатаму мака мачат со откупот и цената. Моменталната цена од 9,5 денари за килограм за нив е ниска и неприфатлива. Иако се очекува добар род и квалитетно зрно оваа реколта, сепак заради ниската откупна цена површините со жито ќе се намалуваат. Како што велат од Националната мрежа на земјоделци, оваа година се бележи намалување на површините со пченица, а ако продолжат ниските откупни цени догодина ќе нема жито.
„Јачменот веќе како култура во завршна фаза ни е жетвата, приносите се околу 350 килограм на декар, односно три ипол тони од хектар. За жал и оваа година имаме големи проблеми со откупот и цените. Цените се ниски и неприфатели оти цената е 9,5 денари и е далеку од производната цена.“ – вели Каракашев.
Од Министерството за земјоделство посочија дека пчаницата ќе се откупува по нето цена од 12 денари. Вели дека производството на пченица споредбено со минатата година е зголемено.
Во државата се очекува околу 160 тони жетва на јачменот, домашните потреби се околу 90 илјади тони.
Кога е во прашање пченицата, Каракашев вели дека се очекува околу 160 до 180 тони производство на пченица, а потребите се над 350 илјади тони.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет