
Љубица Соколовска е кандидат за градоначалник на Општина Карбинци од СДМС, во Пехчево Златко Николовски. На вчерашната прес конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави 11 кандидати за градоначалници за престојните локални избори.
„И овој процес на селекција, исто како и претходниот, ги следеше истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори бројни со членови на општинските организации. Еден навистина инклузивен процес кој што вклучуваше многу луѓе кои придонесоа во најпрво предлагањето после и селекција на кандидатите за градоначалници. Ќе продолжиме понатаму во следните две недели, јас верувам дека некаде околу две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат веќе потврдени од страна на Извршниот одбор и за тоа ќе ја известиме јавноста.“ – кажа Филипче.
Претходно пред две недели, беа објавени имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, Во Општините од Истокот СДСМ објави имиња за кандидати за градоначалници за Штип, Павел Иванов, за Берово Илија Рунтевски, Горанчо Крстев за Општина Чешиново – Облешево.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет