Љикмани: Успешно заврши наводителната сезона во Кочани

Навремено и успешно заврши сезоната за наводнување истакна денеска од Кочани генералниот директор на АД Водостопанство, Локман Љикмани. Тој истакна дека и покрај сите потешкотии со кои се соочиле во текот на сезоната за наводнување, сепак резултатите се успешни. Ова се должи на навременето пуштање на водата и редовно чистење на каналите за наводнување.

„За годишната сезона за наводнување можам да истакнам дека е успешно завршена. Ги сумираме сите резултати од теренот и сите се повеќе од задоволителни. Наводнувањето го започнавме навремено на 14 април со искористување на водите од реките Брегалница и Зрновска река, а од ХС брана Калиманци на 25 април.“ – кажа Љикмани.

По завршувањето на сезоната за наводнување браната Калиманци останува со една третина вода. За почеток ова е добро, а максимумот се очекува да се дополни со есенските и зимски врнежи од дожд.

Без вода за своите ниви оваа сезона останаа земјоделците од овчеполско кои вода добија од Кочани. Според податоците на директорот на водостопанската подружница Брегалница Кочани, 49 милиони кубни вода потрошиле за наводнување во Овче поле и 46 во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет