Јубилејно десети пат по ред се организираше Малинскиот фото фестивал, а втора година по ред во Штип

Јубилејно десети пат по ред се организираше Малинскиот фото фестивал, а втора година по ред во Штип. Во време кога визуелната култура игра клучна улога во комуникацијата, уметноста и културната размена, Малински фестивалот се позиционира како платформа што ги поврзува домашните фотографи со светот, и светот со Македонија. Дел од активностите се одржуваа во Штип, а друг дел во Куманово.

„Името на фестивалот „Малински“ потекнува од првата фамилија од Куманово која работела фотографија и во нивна чест фестивалот го носи ова име. Инаку оваа годна е специфична што имаме гости од целиот Балкан па и пошироко. Сите се преставуваат со своја колекција на фотографии“ – вели Јовановски.

Во скоп на овој фестивач беше отворена и изложбата „Мајстори на фотографијата“, а присутните од државата и странство имаа можност да направат фотографии и во селото Судиќ.

„Оваа година ја имаме изложбата „Мајстори на фотографијата“ и имаме организирано фото сафари во селото Судиќ.“ – вели Зоран Здравев.

Малински не е само фестивал. Тоа е културно движење, платформа за размена на идеи, простор за уметничка слобода и комуникација, место за соочување и инспирација. Оваа година, фестивалот ги поврза Куманово и Штип – два града со своја уметничка традиција и жив културен пулс. Малински фестивалот е празник на фотографијата – на нејзината способност за поврзување и предизвик.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет