
ЈП „Стипион“ обезбеди дополнителни термини на редовната линија до бања Кежовица во пресрет на верскиот празник Духовден. Граѓаните ќе можат да го користат линискиот превоз до бања Кежовица со последната станица до капелата кај градските гробишта. Термините за превоз се во петок попладне со поаѓање во 17:30 и враќање во 19:30, а другиот термин е во сабота наутро со поаѓање во 07:30 и враќање во 09:30.
„По повод верскиот празник Духовден, ЈП „Стипион“ обезбеди доплонителни термини на редовната линија до бања Кежовица со последна станица до капелата до градските гробишта. Едниот термин ќе биде во петок попладне со поаѓање во 17:30, а враќање во 19:30 часот. Вотиот термин ќе биде во сабота утрото со поаѓање во 07:30 и враќање во 09:30 часот.“- изјави Стефановски
Директорот на ЈП истакна дека во наредниот период како секојдневна линија ќе се воведе до бања Кежовица по барање на граѓаните. Инаку линијата до бања Кежовица со досегашните термини функционира во вторник, петок и недела.
„Сакам да најавам дека поради зголемниот интерес и сугестии од страна на граѓаните за редовната линија до бања Кежовица, освен редовните термини досегашни во вторник, петок и недела. Во најскоро време ќе ја воведеме како секојдневна линија.
Од ЈП додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат да работат како и до сега, да ги реализираат барањата на граѓните со со цел да можат да го користат градскиот превоз кој е од големо значење за нив.
Лаура Стојанова, М-Нет