
Денеска дечињата од ЈОУДГ „Вера Циривири-Трена“ Штип имаа завршна приредба по повод завршување на предучилишното образование. Во оваа прилика директорката Ангеличкова им посака успех во понатамоншното образование, надевајќи се дека еден ден вработените во градинката со гордост ќе кажуваат и ќе се присетат на оваа генерација која била дел од истата.
„ Денес сите дечиња односно нашите првачиња во дворовите на детската градинка ќе прават мини забава односно разделба од самата градинка со нивните воспитувачки и негуватели. Се надевамм, јас и претходно им посакав на нашите идни првачиња дека ќе бидат многу успешни, дека еден ден ќе се гордееме со гордост ќе кажуваме дека тоа се дешиња кои биле дел од нашата градинка. И еве уште еднаш од мое лично име и од името на вработените им посакувам ногу успех.„ вели Ангеличкова
Можеше да се забележи неизмерна среќа на детските лица, тие се среќни што завршуваат со одењето во граддинка но од друга страна се малку тажни што во иднина ќе ја нема истата дружба со другарчињата во просториите на градинката.
Исто така како обрвсдка на градинката е да ги згрижи идните првачиња кои што имаат потреба од згружување до први септември, посочи директорката Ангеличкова
„Детската градинка има обврска да ги прими дечињата до крајот на летото односно до први септември, значи сите дечиња односно идни првачиња кои што имаат потреба од згрижување слпободно да присуствуваат, односно немаат обврска да бидат отпишани со денешниот ден„ посочи Ангеличкова
Во средата во просториите во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип дечињата од поголемите групи официјално ја одржаа својата завршна приредба. Официјална бројка на првачиња што излегуваат од градинката се околу 151 дете.
Лаура Стојанова, М-Нет