Со ветување за чиста вода за пиење на жителите во „Каваклија“ и „Суитлак“ излезе денес кандидатот за Градоначалник на о. Штип од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тој посочи дека ваквата потреба ќе била приоритет уште во првите месеци во неговиот мандат.
„Во разговорите со жителите од населбите „Каваклија“ и „Суитлак“ ја воочивме и констатиравме потребата од решавање и обезбедување на чиста вода за пиење. Јас денес не ветувам дека ние ќе направиме жичара, СРЦ „Суитлак“ со отворен и затворен базен, туку ветуваме дека после преземањето на власта, приоритет ќе биде во првите неколку месеци обезбедување за чиста вода за пиење за жителите од овие населби“, рече Јорданов.
Во неофицијален разговор Јорданов истакна дека жителите таму за водоснабдување се снаоѓале со техничка вода или користеле вода од бунарите.
Ребека Спасова МНет
