Јорданов во вонредна контрола на улиците, за изведувачите пари нема додека не се завршат истите

Дождот во Штип на виделина ги извади сите недостатоци на проектите односно улиците кои се завршија во претходниот месец дена или се во фаза на завршување. За насобраната атмосферската вода на дел од улиците, каналите и слично реагираа граѓаните до градоначалникот Јорданов. Тој денеска изврши вонредна контрола заедно со надзорот на улиците, за да се утврдат недостаотоците.

„Има пропусти на дел од проектите кои се завршени и во име на тоа сакам да пренесам на јавноста дека сите проекти сите улици кои се асфалтирани, а кои не соодвестуваат со проектот, кои немаат доволен квалитет во изведбата ќе бидат повтроно сервисирани односно ќе се изврши корекција на овие улици на трошок на изведувачот“ – кажа Јорданов.

Причината на намалените димензии на атмосферскиот канал на ул „Панче Караѓозов“, не доволно добро поставениот асфалтен слој на пристапната улица во населба Осми номеври, и не доправениот тротоар на улица „Личка“, Јорданов кажа дека е кај изведувачите.

Надзорт кажа дека некои делови од проектот ќе бидат променети, бидејќи така налага сегашната ситуација.

Оваа пракса мора да престане додаде Јорданов во оваа прилика, истакнувајќи дека никој нема право да си игра и нерационално да ги троши парите на граѓаните. Истовремно тој ги предупреди изведувачите дека мора да се придржуваат до проектите и предвидениот рок за завршување на истите, за во иднина да нема случаи како што се овие денеска.

Лаура Стојанова М-Нет