
Јавните телефонски говорници во Штип се запуштени и искршени и одамна не ја вршат својата функција. Од некогашната потреба за брза комуникација, денес тие останале како потсетник на минатото. Повозрасните граѓаните на терен велат дека во време кога немале мобилните телефони, токму овие говорници им биле од голема корист. Според нив биле поедноставни и повеќе корисни од сегашните телефони. Во продолжение, го отвораме прашањето за состојбата на јавните телефонск говорнци.
За прашањето дали овие телефонски говорници ќе бидат заштитени и зачувани од заборав, нашата редакцја се обрати до националната установа завод и музеј Штип. Од таму надлежните велат дека истите не се во нивна сопственост и надлежност, но секако дека ќе ја разгледаат идејата за нивна конзервација, за да бидат сведок за едно минато време.
Иван Митев, М-Нет