Од петокот дел од болниците низ државата добија поддршка од армијата во справувањето со корона пандемијата. Но, таков не е случајот и со Клиничката болница во Штип. Во посета на овој град, денеска беше минстерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која со обракање до јавноста изјави дека по потреба и барање за помош од армијата, може да се обрати секоја клиника а тие во рок од 24 часа да се постават на бараното место
„Веќе се обезбедени санитетски возила којшто се на располагање на министерството за здравство и медицинските установи, а во петокот голема количина на брзи тестови коишто беа на нас донирани од страна на Министерството за одбрана од кралството Норвешка ги доделивме на јавното здравство“ – изјави денеска Шеќеринска