Штрајкот во училиштата продолжува, штипјани не го поддржуваат истиот

И по две недели празни училишни клупи договор меѓу Владата и СОНК сѐ уште нема. Веќе трета недела вработените во училиштата го продолжуваат штрајкот, додека вработените во детските градинки започнуваат со работа и згрижување деца. Ова следи по вчерашниот обид за договор за покачување на платите од 12%. СОНК не се согласи на ова бидејќи тие бараат покачување на платите за 18%. И додека тие штрајкуваат децата губат, е мислењето на штипјани. Граѓаните велат секој заслужува поголеми плати, но кога се во прашање децата тие секогаш имаат предност.

„Не е тоа решение јас мислам, погледнете во каква криза живееме, мора и ние малку да имаме разбирање. Особено ова со наставниците, слагам се сигурно им се ниски платите меѓутоа децата имаат предност и затоа не ги поддржувам“

„Ништо не се постига, во позадина опозицијата ги прави тие работи да создава револ кај луѓето. Кој работи сега, кој е доходовен да продаде па да донесе во државата, никој“

„Не не го поддржувам оти децата ни останаа сами дома, не знаат што ќе се запишат тие деца. Знаете ли што значат две три недели да изгубите од училиште“

Според штипјани треба да се бара друг начин за вработените во било кој сектор да ги добијат своите права, конкретно во образованието децата не треба да трпат. Наставата и онака беше прекината неколку пати, дополнително истата се одвиваше и оналајн, што не е потребно сега децата наместо во училишни клупи да седат дома, сметаат граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет