Штип пролжува да жали и eдна година по трагедијата во Кочани

Штип продолжува да жали и една година од пожарот во Кочани, 16 март 2025 година останува датум кој, според анкетираните граѓани од терен, тешко ќе се избрише од сеќавањата. Една година подоцна, болката и спомените за изгубените животи сѐ уште се силно присутни меѓу граѓаните. Анкетираните граѓани додаваат дека вакво нешто до сега не било видено и дека после ваков немил настан очекуваат дека правдата ќе излезе на виделина.

„Страшно, страшно, тоа не знам, да не се повтори. Вакво нешто страшно не сме виделе, не сме доживеале и сеуште го чувствуваме тоа, и покрај тоа што помина една година сеуште ни тежи. Доста се затскривавме, не е овој, не е оној, овој е оној е, само си ја префрламе вината еден на друг. Едншка треба да излезе после толку прашања, треба да излезе.”, велат граѓаните

Утрото 16 март е датум кој ќе остане во сеќавањата на многумина. За некој сосема нормален ден, за други ќе се памети како најтешкиот ден од нивниот живот.

„Тој ден ми беше најтежок во животот. Колку и да ти кажам, немам зборови. Болката е уште присутна. Ужас, имам во Кочани роднини, ѕвонам по телефон да видам дали се случило нешто на нашите деца, добро е велат, се е во ред, за другите ми е многу криво. Јас сакам да дојде до правдата, ама институциите не знам што ќе направат, се е до нив, до нас не е.”; додаваат анектираните

Покрај различните гледишта и покрај различните ставови, граѓаните се согласни во една, тие бараат правда.

Иван Митев, М-Нет