Штип годинава домаќин на ,,Д Фестивал“ и редица културни настани – најави градоначалникот Јорданов

Штип оваа година ќе биде домаќин и на уште еден од најпознатите музички фестивали во земјава – Д Фестивал. Веста ја потврди градоначалникот Иван Јорданов, кој најави дека во наредните денови се очекува официјално објавување на фестивалската програма. Градот очекува наплив на гости, а со тоа и зголемен туристички и економски придонес. Организаторите најавуваат богата програма и бројни изведувачи, а Штип се подготвува да ги пречека љубителите на музиката од целата држава и пошироко.

,,Oна кое што е новост, оваа година за Штип е Д фестивал. Очекувам во деновиве кои што следат да биде објавена програмата за Д фестивал. Тоа е еден новитет, кој што за нас како град ни е како битно, да бидеме домаќини на илјадници посетители кои што оваа година ќе присуствуваат како гости на фестивалот. За сите подетални информации, јавноста ќе биде подетално информирата“, рече Јорданов

Покрај Д Фестивал, локалната самоуправа најавува и богата програма во рамки на Штипското културно лето, како и повече музички настани. Јорданов рече дека тие како локална самоуправа секогаш даваат поддршка на ваквите манифестации.

,,Во неделните кои што ќе следува ќе ја објавиме и програмата на штипско културно лето, доста богата, која што верувам дека ќе го сврте вниманието на штипската јавност. Во месеците ќе има и концерти, изложби, театарски претстави, програма за деца. Дополнително дом на млад и домот на културата ќе имаат своја програма за месеци кои што не следат. Најавени се доста музички настани. Како локална самоуправа секогаш даваме поддршка на вакви манифестации.“, додава Јорданов

Со летна програма каква што Штип одамна не памети, градот се подготвува да пулсира во ритамот на културата, музиката и уметноста. Летото во Штип започнува со силна енергија – останува само граѓаните и посетителите да уживаат во секој момент.

Иван Митев, М-Нет