Штипјани сведочат „Јас сум пациент со врски“

Голем дел од граѓаните сметаат дека врските играат значајна улога во секојдневното снаоѓање и напредок. Дел од анкетираните истакнуваат дека без поддршка од други луѓе, знаењето често не е доволно за успех. Сепак, постојат и мислења дека знаењето е вредност која никогаш не се губи и треба да биде основа за напредок. Гури некои од граѓаните отворено признаваат дека лично се потпирале на врски за да постигнат одредени цели.

„Ја мислам подобро е да имаш врски за да се снајдеш во животот. Знаењето, џабе знаеш ако немаш помош од други, тоа е. Тоа не е правилно, некој што ќе ти помогне се е за интерес.Ќе ти помогнам ама услуга за услуга, сега таа услуга како ќе биде, колку ќе биде.“, истакнаа граѓаните

Мнозинството штипјанивелат дека иако врските се битни, сепак таквиот систем не е секогаш праведен. Доколку не постоеја овие врски, дури и одредени лица признаваат дека не би можеле да дојдат во Штип и да се лекуваат.

„Па знаењето никгаш не губи. Не е убаво, не е убаво тоа. Се може да решеме, тоа не можеме. Од секогаш постоеле и ќе постојат, некогаш отворено, некогаш заобиколено. За платен, не сум била многу оштетена, ама за други работи, бивало е.“, велат анкетираните

Анкетираните граѓани посочуваат дека врските често се клучни за пристап до услуги и успех, дури и кога тоа не е праведно. Иако знаењето се смета за трајна вредност, многумина признаваат дека во пракса без врски тешко се напредува.

Дајана Сандева,М-Нет