Штипјани од странство повторно во родниот крај, летото ги собра дома

Штипјани од странство повторно во родниот крај – летото ги собра дома.

По години далеку од дома, со куфери полни љубов и очи полни емоции – се вратија и ова лето повторно се во родната земја.

И како што вели народната едно видување, еден век, тие дури од Германија, Швајцарија, Италија, па сѐ до далечна Австралија – се вратија со иста причина-

да ги видат своите, да се извидат со пријателите, и да се потсетат дури чука срцето.

Речиси нема куќа во градот, каде нема некој во странство, додаваат граѓаните за нашата телевизија. Едногласни дека само многу мал дел од нив остануваат во своите родни места, другите сите се враќаат.

Инаку, граѓаните дополнително додаваат дека срцето им е полно кога целата фамилија е дома. Во тие броени денови, нивната среќа е неизмера, а по заминувањето остануваат сеќавањата и празните оди, во кои некогаш тие растеле.

Иван Митев, М-Нет