Штипјани загрижени – и да се изгради новата клиничка болница ќе нема кој да работи

И по седум години од поставувањето на камен темелникот за изградба на новата клиничка болница во Штип, зградата не е изградена ниту до пола. Во нормални услови истата би требало да биде готова за еден месец, ама сега новиот рок е до 2026 година. На терен граѓаните во Штип зборуваат за потребата од нова Клиничка болница, ама во овој момент ги плаши факотот дека ќе нема лекари. Велат дека голем дел од докторите се надвор од државата, па и да се изгради болницата во најдобри услови до 2026 година би немало кој да работи.

„Тоа воопшто не е добро, досега болницата требаше да биде изградена, а не да одиме во Скопје. Ама и ако се отворе болницата нема доктори, докторите избегаа. Десет години ја чекаме, а Клиничка болница ја прават на Источниот дел во државата, на што личи тоа“ – велат граѓаните.

Од Министерството за здравство кажаа дека реализацијата на болницата е 35%. Посочуваат дека одолжувања има заради Ковид 19 но и недоразбирањата меѓу фирмите изведувач и подизведувач.

„Во однос на прашањата за КБ Штип, моментална реализација на изградбата на Клиничката Болница во Штип е 35 проценти. Одолжувањата се должат поради Ковид-19 пандемијата, како и судската постапка меѓу фирмата изведувач и подизведувачот Бетон Штип, која се затвори кон крајот на минатата година. Изведувачот има доставено нов динамички план до избраниот стручен надзорен орган и истиот се разгледува во Министерството за здравство за што јавноста дополнително ќе биде известена откако ќе се заврши со предметната активност. “ – велат од МЗ.

Инаку во сега постоечката Клиничка болница во Штип кадар најмногу недостасува на Одделот за анестезиологија, а загрижувачка е ситуацијата и на ортопедија, очни болести и инфективно. Дека состојбата е аларманта потврди и самиот министер, кажувајќи дека и тој не би сакал да се лекува во вакви услови.

Лаура Стојанова М-Нет