
Граѓаните масовно ги посетија црквите во Штип за Велики Петок, најтажниот ден во годината за Хрстијаните. Граѓани во храмот Цв. Никола во Штип покрај палењето свеќи, ја негуваа и вековната традиција, верниците се провлекуваа под масата, верувајќи дека тоа ќе им донесе здравје и спасение. Воскоро сечија рака имаше и црвено јајце, симбол на животот и воскресението, кое го оставија во храмот со молитва и надеж. Нивните желби беа скромни, но длабоки, здравје, мир и благосостојба за најблиските.
„Само здравје, друго ништо. Нека дава Госпид здравје, другото само ќе си дојде. Па немам јас сум у веќе поодминати години, нек се живи и здрави деца, и така. Нека дава мир Господ и така за сите.“
„Само добра мисла, од таму се потекнува, и среќа и здравје, само добра мисла, ништо повеќе. Постевме, кога беше жената кај мене, тогаш, сега чува внуци и сега сам не постам.“
Анкетираните беа согласни во едно, вистинското богатство не го пронаоѓаат во парите, туку во здравјето, мирот и благосостојбата. Покрај скромните услови за живот, тие се молат само за здравје.
„Се најубаво за сите, здравје, мир, благосостојба. Пари, пензионер сум, доволно ми е, се е добро.“
„За многу години на сите и на нас, за фамилијата. На нас доста ни е пензијата, не ни треба многу, само здравје. За жал не, со лекарства сум и не можам.“
Меѓу свеќи, молитви и црвени јајца, граѓаните покажаа дека вистинското богатство не се мери во пари, туку во здравје и мир, а овој најтежок ден во христијанството го одбележаа во тишина, со длабока вера и почит кон вековната традиција.
Дајана Сандева, М-Нет