Штипјани без очекувања од идниот претседател, децидни во државата речиси ништо не чини

И додека кандидатите за претседатели собираат потписи за да се најдат на изборното ливче штипјани на терен, без големи очекувања од идниот претседател. Велат дека во државата речиси ниту една работа не чини, па токму затоа и не очекуваат големи промени иако би требало да има. Дел од анкетираните граѓани велат дека нема да го остават својот потпис, друг дел пак веќе се потпишале.

„Ништо. Ништо не чини, штом младите избегаа од државата, што повеќе. Значи младите штом бегаат не е добро. Требаше младите да се овде, што ќе правиме ние старите сами. Градови, села, се се уништо, градинки, училишта се затвораат, докторите заминуваат. Идниот претседател треба да почне се од почеток, образование, здравство, правда. “ – велат граѓаните.

Изборите според граѓаните треба да бидат фер и демократски, а идниот претседател да вети програма со која ќе бидат опфатени сите граѓани во државата.

Лаура Стојанова М-Нет