Штипјанец управувал возило со регистарски таблички од друго возило, поднесена кривична пријава

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.М.(32)од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 10.02.2024 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од пријавениот, при што констатирале дека регистарските таблички му припаѓале на друго возило.