Штипските спортисти се приклучија на втората крводарителска акција во организација на Црвениот крст

По втор пат годинава Црвениот крст на Штип организира тематска крводарителска акција која се реализира во соработка со армијата спортисти. Во услови на пандемија корисни се и мошне потребни вакви акции во кои драгоцената течност им е потребна на секој поединец кој едноставно има здравствени проблеми.

Годинава имаме мала стагнација, не сме рекордери како во минатото, но држиме солиден просек, имаме континуитет, имаме нови крводарители а паралелно работиме на нови мотивациски форми со информирање и мотивирање на сите категории во кои се кријат потенцијалните крводарители – истакна Викторија Милановска за денешната тематска крводарителска акција.

Ваквите хуманитарни акции се и можност за упатување апел кон сите оние кои во услови на пандемија се засегнати за своето здравје.

Крводарувањето е доброволно, некои го практикуваат во посебни или вонредни услови а повеќето од младите учествуваат редовно во вакви хуманитарни акции со цел здравствените институции како Црвениот крст на пример да имаат доволни залихи од оваа драгоцена течност која живот значи.

Врз основа на виденото, искажаното и доживеаното слободно можеме да констатираме дека денешната заедничка хуманитатрна мисија на спортистите и на Црвениот крст беше достоинствена и мошне успешна.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk