
На едно коло до крајот на есенскиот второлигашки кошаркарски дел екипата на Соколи 1933 котира високо и засега е на второто место на табелата. Со импресивен скор од 8 победи и два порази штипските соколи ја најавуваат кандидатурата за пласман во Првата маскедонска кошаркарска лига и по подолга пауза штипјани повторно да присуствуваат на квалитетни натпревари. Вечерва тимот на Соколи 1933 ја победи екипата на Тетекс од Тетово со резултат 82:75 и ја зарадува армијата на своите навивачи.


Засега врвот на табелата го завзема екипата на Чаир од Скопје а колку за потсетување токму кошаркарите на Соколи го нанесоа единствениот пораз на водечката екипа. До крајот на есенскиот дел има да се игра уште едно коло и најверојатно штиските „соколи“ ќе го зевземат второто место на табелата.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk