
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев ја започнува трката во Словенија во должина од 178 километри. Трката започна напладне во местото Кобарид, каде се очекува учество на преку 150 маратонци од целиот свет. Со цел да ја издржи трката во должина од над 170 километри, каде освен трчање, предвидено е и висинско качување од 8.000 метри, Манев се подготвуваше речиси два месеца. Неодамна за М-Нет Телевизија, Манев изјави дека дополнително отежнување на трката е планинското трчање и трчањето ноќе, а временскиот лимит е околу 46 часа. Посочи дека желбата е најголема и поради тоа нема физички и психички проблеми.
Инаку, Тони Манев од Штип е единствениот претставник од Македонија, како и прв натпреварувач од нашата земја што ќе се обиде да ја истрча оваа патека. Крајот на патеката е во Крањска Гора. Манев посочи оти ќе даде се од себе за остварување висок пласман.
Ребека Спасова М-Нет