
Вистинска драма се случуваше на аеродромот во американскиот град Атланта кога патниците и екипажот во авионот за Сиетл добиле закана за евентуално терористичко киднапирање. Во авионот се наоѓаше и штипјанецот Зафир Зафировски кој веќе подолго време својата и егзистенцијата за своето семејство во Штип ја наоѓа работејќи чесно, одговорно и професионално кај големите светски бродски компании. По пандемиската пауза Зафир работеше на брод во Кипар, потоа се префрли на друг брод во Карибите на островот Сент Мартин, за да деновите започне на работа на брод на релација Сиетл – Аљаска на Пацификот.

Чекајќи лет од Атланта за Сиетл патниците, меѓу кои и Зафир биле изненадени од ненадејниот упад на американскките специјални војно- полициски сили со предупредување рацете да се држат пред нив на седиштето. Голготата во авионот траела од 23.00 часот се до 6 часот наутро кога авионот бил оддалечен од другите авиони на безбедно место и кога патниците по четворица биле изнесени и пред нив биле претресен сиот багаж што го поседуваат и тоа со специјални кучиња. Откако биле претресени авионот и патниците сите тие биле ослободени без да бидат информирани дали се работи за евентуален експлозив или за можно киднапирање. По оваа голгота Зафир Зафировски го продолжи летот за Сиетл и од сместувалкиот хотел ни ја раскажа оваа немила авионска случка која би била подложна за сценарио за снимање на хорор филм. Во секој случај добро е што се добро се заврши а на Зафир Зафировски му посакуваме успешна и бериќетна работа, коректен однос со бродските патници и гости како и фер однос со претпоставените старешини на исклучително атрактивната дестинација по Пацификот, Сиетл – Енкориџ (Аљаска).
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk