
Основниот Суд во Штип го прифати барањето на Синдикатот кој во име на работниците од штипска Баргала поднесе предлог фабриката за чевли да оди во стечај. Одлуката е донесена бидејќи работниците не успеаја да си ги наплатат трите заостанати плати.
Инаку пред одредено време стотина семејства во оваа фирма добија отказни решенија на домашна адреса бидејќи не се појавувале на работа повеќе од три дена. Работниците истакнаа дека и било кажано од надлежните во компанијата да не доаѓаат на работа. Со штрајк пред општината неколку дена по ред работниците си ги бараа своите права.
Дека состојбата во некогаш најголемата фабрика за чевли во државата „Баргала„ е загрижувачка пред извесен период кажа и директорката на УЈП Сања Лукаревска посочувајки дека од извршените контроли на персоналниот данок, неисплатените плати и данокот на добивка утврдени се голем број на неправилности од енормни размери. Таа даде забележка и за даночното и сметководственото работење во фирмата. Голготата на работниците во Бргала се провлекува неколку години, а работниците се пожалија дека на сметките им била исплатена плата од само 2денари.
Лаура Стојанова М-Нет