Штипска Ултра доминираше на трката „Голак Траилс“ во Делчево, која беше од хуманитарен карактер

На 6 септември за првпат се одржа трката „Голак Траилс“ која стартуваше во Делчево, а финишот беше на планината Голак, а на која доминираше штипскиот клуб Ултра. Се работи за трка во должина од 13 километри и искачување од околу 1000 метри.

Како што вели Тони Манев за М Нет телевизија станува збор за одлично организирана трка од хуманитарен каратер за настраданите од пожарот во Кочани, а на која настапиле 130 тркачи од цела Македонија и Бугарија.

Тимот на Ултра од Штип доминираше на патеката, настапи со 16 натпреварувачи, а ги освои првите три мета.

Прво место за Ибрахим Мамудов, втората позиција ја поделија Благој Веселинов и Златко Николов, а пак трет беше Кристијан Киров. На четврто место заврши Кристијан Блажев, а пак на петтото место беше Адријан Бојчовски, а пак во женска конкуренција Емилија Пановска заврши на четвртата позиција. Во топ 10 во женска конкуренција се пласираа Ангела Величкова и Бојана Стефанова.

Пред тимот на Ултра следува нов предизвик а тоа ќе биде учество на „Sky Race Ljuboten“, трка од националниот шампионат во sky running, во која повеќе членови високо котираат и се надеваат на добар пласман.

Александар Ванев, М-Нет