
Поради обврските на македонската репрезентација во предстојниот викенд ќе има мала рокада со одигрувањето на прволигашките и на второлигашките првенствени натпревари. Веќе објавивме дека второлигашите редовното 6 коло ќе го одиграат во недела 4 октомври а пак прволигашите редовното 8 коло ќе го одиграат во сабота 3 октомври а еден меч ќе се одигра во недела 4 октомври. Веќе се делегирани и официјалните лица за овие натпревари и веднаш паѓа во очи дека по мала пауза на една штипска судиска тројка им е доверена задачата да го води натпреварот кој заслужува внимание а тоа е мечот Шкупи – Борец . Главен судија на овој натпревар ќе биде Крумислав Горгиев, прв асистент ќе биде Никола Караколев а втор асистен ќе биде Кристијан Џонов. Улогата на четврти судија ќе ја има струмичанецот Марјан Гоцевски, Делегат ќе биде Васко Бошевски од Битола а Контролор ќе виде Ванчо Костенчев од Скопје. Еве ги комплетните парови за ова 8 прволигашко коло:

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk