
Штипската црвена везена пиперка најбарана од иселениците во Германија и Италија. По тезгите на пазарот во Штип веќе може да се забележи, а како што веат продавачите најмногу ја купуваат иселениците од странство. Цената е делумно висока, ама заради тополото време производоството е намалено оти цветот паѓа и нема род. Ако продолжи сушното време производството ќе се намали а цената дополнително ќе скокне.
„Везената пиперка почнува енос да црвенее, од сега натаму редовно ќе ја има, има и лута и блага. Цената е 120 денари килограм. Ако продуже сушата вака цената ќе се каче. Цветот паѓа од топлото и нема род. Минимален род дава. За нижање се купува, а најмногу ја купуваат од странство луѓето кои дојода, они по 10 килограми купуваат.“ – велат продавачите.
Пазарот во Штип денеска полупразен, продавачи нема, а нема ниту производство велат малкумината кои продаваа денеска. Ситуацијата е алармантна па наредниот петок може да се очекува само домати и пиерки.
„Нема роба, так пекол што имаше нешто што се насади се се расипа, веќе не успева на пример бостано, дињата и она.“
За купувачите цените просечни, избор нема, нема ниту пари.
Денеска на пазарот најмногу се бараа доматот и приперката како и сезонското овошје.
Лаура Стојанова М-Нет